Дваесетипетгодишната Сабрина Н. oд селото Сонта, Србија, е осомничена дека си го фрлила новороденчето во септичката јама во семејниот дом.

Лекарите од Брзата помош констатирале смрт кај бебето, чие тело е предадено во Судска медицина во Нови Сад. Обдукцијата ќе покаже дали било мртвородено или починало од раката на мајката.

Како што мајката изјавила во полиција, таа се породила дома пред три недели, а бебето било живо и заплакало веднаш по породувањето. Потоа се онесвестила, а кога дошла при себе, бебето веќе не давало знаци на живот. По ова го замотала во ќебе и го фрлила во септичката јама.

Нејзиниот сопруг Кристијан во тој период бил во Унгарија, а кога се вратил и видел дека Сабрина е породена, а бебето го нема, случајот сам го пријавил во полиција.

Пред неколку недели, починал и едногодишниот Стефан, третиот син на Сабрина и Кристијан. Иако имало сомневања за насилна смрт, обдукцијата покажала дека детето починало од болест на цревата, која не му била дијагностицирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.