Австралиската полиција уапси 38-годишна жена, по потекло од Босна и Херцеговина кај Перт, која е осомничена за убиство на нејзините две ќерки.

Телата на девојчињата, кои имаа шест и десет години, беа пронајдени од нивниот татко при враќање од работа во периферијата на австралискиот Перт.

Уапсената жена имала рани од самоповредување, била однесена во болница, но не била опасна по живот, јавуваат австралиските медиуми.

Соседите изјавиле дека семејството е од Босна и Херцеговина и живеат во Австралија околу 20 години.

Полицијата соопшти дека семејството немало досиеја, ниту пак биле познати за кршење на законот, пренесува АБЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.