Инцест помеѓу мајка и син завршил како случај во Општинскиот суд во Чаковец, Хрватска. Како што пренесува хрватскиот портал „Деница“, 38-годишната мајка и нејзиниот 19-годишен син имале сексуални односи септември минатата година. Кога домашните ги виделе, повикале полиција.

Пред полицијата, синот сведочел дека пушел синтетичка трева „галакси“ и пиел вино, па затоа и не бил при себе. Според неговата изјава, тој ја одвел мајка си во дневната соба и почнал да ја допира, но преку облека.

Мајката, пак, рекла дека таа вечер испила многу  алкохол и заспала покрај својот сопруг. Таа, наводно, не се сеќава на ништо и не знае дали имала сексуален однос со синот.

Сведокот кој прв ги уловил, раскажал дека ги видел синот и мајката голи и дека навистина имале сексуален однос, по што го разбудил сопругот, односно таткото.

Тој веднаш повикал полиција. Уапсен е синот кој поминал месец дена во истражен затвор.

Судењето започнува наскоро, а Обвинителството бара четири месеци затвор за синот и четири месеци условна казна за мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.