Мајка, бебе и баба загинаа во стравична сообраќајна несреќа која се случила на патот М-17-Пазариќ, во Босна и Херцеговина.

Бебето било на возраст од 4 месеци.

 

Семејството одело кон својот дом во Тарчин каде живееле. Увидот кој го правел дежурниот обвинител на сараевското обвинителство траел неколку часа, а сообраќајот бил преусмерен преку автопатот А1.

После увидот пожарникарите од остатоците од „пежото“ со помош на хидраулични ножици ги влечеле телата на настраданите.

На интервенција бевме 5 пожарникари со две возила. Иако нашата мисија е да спасуваме животи, овој пат не успеавме во тоа. Овој настан дефинитивно ќе остави трага во нашите сеќавања“, изјавил Мемагиќ Данис, заменик командир на пожарникарната единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.