Од улиците на грчкиот островот Карпатос, мачето Калипсо веќе еден месец живее во претседателската палата, а денеска беше присутно и на средбата на претседателката Катерина Сакеларопулу со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

Сакеларопулу минатиот месец вдоми бездомно маче од Карпатос, кое не остана незабележано за време на денешната средба.

Додека Мицотакис говореше на почетокот од средбата, во позадина, на неколку пати Калипсо, мјаукајќи го пријави своето присуство.

А грчкиот премиер не остана рамнодушен и на неговиот официјален „Инстаграм“ профил сподели фотографија од мачето.

-Ова е Калипсо. Претседателката на државата ја вдоми и им ги украде срцата на сите во претседателската палата, напиша Мицотакис на неговиот официјален „Инстаграм“ профил, објавувајќи фотографија од мачето за време на неговата средба со Сакеларопулу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.