Љуљзим Сулејмани, српскиот државјанин кој неодамна беше повреден во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа  46 лица, вчера пристигна во Србија во придружба на српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ.

Тој ќе го продолжи лекувањето во Врање во Здравствениот дом Врање, соопштија од оваа здравствена установа.

Директорот на Здравствениот дом Врање, д-р Саша Ѓорѓевиќ изјави дека пациентот е сместен на Одделот за хирургија во Новиот хируршки блок.

Љуљзим Сулејмани е сместен на хируршкото одделение во Новиот хируршки блок, тој е во добра општа состојба, под лекарски надзор. Се очекува тој да биде пуштен дома на понатамошни третмани и домашно лекување“, изјави директорот на Здравствениот дом Врање, д-р Саша Ѓорѓевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.