По апсењето на Вељко Беливук, познат како Веља невоља, и неговиот криминален клан, осомничената М.Р., која шест години му била девојка на Беливук, се согласила да соработува со истражителите.

Како што пишува српски „Курир“, против неа е поднесена кривична пријава и таа е осомничена дека била член на групата Беливук, која се товари за кривични дела киднапирања, брутални убиства, трговија со дрога, поседување арсенал на оружје, како и перење пари.

М.Р. има статус на осомничена и е под истрага. Кај неа полицијата заплени пет телефони и лаптопи кои се испратени на вештачење. Се претпоставува дека таа не учествувала во ликвидациите, но дека имала улога во прикривањето на паричните текови и перењето пари – вели извор за „Курир“.

Тој открил дека меѓу петте телефони откриени кај девојката имало и еден криптиран за тајна комуникација.

Истражителите останаа шокирани кога влегоа во нејзините телефони. Во нив се пронајдени морничави снимки и фотографии, меѓу кои има на кои се гледаа мртви и осакатени луѓе за чија ликвидација се сомничи групата на Беливук. Освен докази за злосторствата, во телефоните се пронајдени и други важни докази, но и пораки што ги разменувала со Беливук – додава изворот.

Според неговите зборови, М.Р. била вработена во една позната белградска компанија и била изненадена од апсењето. Полицијата детално го претресла и нејзиниот стан во луксузен комплекс на Нов Белград.

М.Р. и Беливук наводно се запознале уште пред шест години и биле во врска додека тој бил во притвор поради осомниченост за убиство на Властимит Милошевиќ, за што Судот го ослободил. Заедно поминувале многу време и била запозната со се што правел, каде се движел, со кого се гледал, одела во бункерот на стадионот на Партизан, но и на други места каде што се гледале – открива изворот.

Тој додадва дека тие двајца строго внимавале заедно да не ја напуштаат земјата за да не бидат регистрирани.

Според зборовите на изворот, не се исклучува можноста таа да добие повластен статус при судењето.

Веднаш прифатила соработка со истражните органи. Признала во каква врска била со Беливук и покажала подготвеност да зборува за се што знае. Дури и самата ги дала шифрите за четири од телефоните, но не и за петтиот – открива изворот на „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.