Љубиша Буха, познат како Чуме, денеска требаше да сведочи во процесот кој се води против двајца полицајци и двајца членови на Земунскиот клан. Ним им се суди под сомнение дека извршиле разбојништво во 1997 година, настан во кој Новак Стеваниќ (22) беше киднапиран, а потоа и убиен.

Сепак, Чуме не се појави во белградскиот суд.

Покрај Чуме, денеска требаше да бидат сослушани уште неколку сведоци. Сепак, поради тоа што обвинетиот Горан Ристиќ не се појави на рочиштето поради болест, главниот претрес е одложен за крајот на мај.

За првото киднапирање на земунскиот клан обвинет е и Никола Бајиќ, кој денес беше донесен од затворот „Забела“ каде што издржува казна затвор од 35 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.