Српскиот министер за трговија, телекомуникации и туризам Расим Љајиќ изјави дека на цело Косово има српски производи, кои таму доспеваат преку алтернативни патишта.

Имате ситуација во која нашата пченица оди во Хрватска, а потоа се транспортира како хрватска пченица и се продава во Косово. Дел од производите оди така, што на пример се продава на бизнисмен во Македонија, а потоа тој ги реекспортира и продава во Косово, изјави Љајиќ за РТС.

Според него, за три месеци загубите ќе бидат за околу 90 милиони евра помалку, отколку приходите од продажбата на стоки во истиот период минатата година, односно пред воведувањето на таксите од страна на Косово за увоз на српски производи.

Мислам дека поголема загуба ќе биде ако овие такси останат, бидејќи нашите стопанственици ќе го изгубат тој пазар. Видовме дека се појавија бизнисмени од Словенија, Унгарија, Хрватска, Албанија, Македонија… Други го искористија овој простор како алтернатива за нивната понуда на производи, рече Љајиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.