Се чини дека ќе се случи голема експлозија во центарот на Европа – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја ситуацијата околу последната ескалација на односите меѓу Србија и Косово.

– Голема експлозија се подготвува во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година, НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи на завршниот акт на Хелсинки и документите на ОБСЕ, кои уште еднаш нагласуваат дека ова што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение – рече Лавров.

Во петокот косовската полиција упадна во зградите на четири општини на северот на Косово – Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, користејќи солзавец, димни и шок бомби против Србите кои се обидоа да ги спречат да влезат во општинските простории.

Српските вооружени сили се ставени на највисоко ниво на борбена готовност, а денеска тие треба да бидат целосно распоредени на линијата на разграничување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.