Кога станува збор за регионот на Западен Балкан, гледам четири предизвици. Најнепосреден е Македонија и Албанија што поскоро да ги почнат пристапните преговори со ЕУ. Најсериозен проблем е кризата во БиХ. Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, бидејќи тоа не ги засега само тие две земји, со оглед на тоа дека Срби и Албанци живеат во секоја земја на Балканот, а односот меѓу Србија и Косово влијае на регионалната соработка и затоа тоа е предизвикот од најголемо стратешко значење, изјави за аудио подкастот на бањалучкиот портал Бука специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово и други балкански прашања, Мирослав Лајчак.

А предизвикот што мислам дека е најсуштински е прашањето каков ќе биде Балканот. Ќе има ли Балкан кој ги споделува европските вредности, кој промовира демократија и владеење на правото, кој се бори против корупцијата и кој има независни медиуми и граѓанско општество? Или ќе добиеме општества во кои нема ништо од тоа, а да имаме некаква авторитетна влада без почитување на европските вредности. Овој натпревар се случува токму сега додека разговараме и мислам дека е многу важно и ЕУ и земјите од регионот да се приклучат не само административно, туку пред се според заедничкиот систем на вредности.

 

Мислам дека Западен Балкан е многу оригинален регион. Кон него, човек не може да има рационален, туку емотиван однос, бидејќи тоа е регион кој генерира многу емоции. Сигурно дека го имам тој однос, врз основа на сопственото искуство. Сум инвестирал многу години за да ја направам мојата земја, Словачка, европска не само во географска, туку и во вредносна смисла членка на ЕУ. Знам и колку тоа и помогна на мојата земја и сакам да го искористам моето лично искуство за да му помогнам на Западен Балкан бидејќи не верувам дека има подобра алтернатива и подобра иднина од членството во ЕУ – потенцира Лајчак во интервјуто за „Бука“.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина истакна дека дијалогот не е едноставен, дека е подеднакво „чувствително прашање и за Србија и за Косово“, но дека постои и верува дека многу брзо ќе видиме конкретни резултати.

На прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина и одбивањето на Приштина да формира Заедница на српските општини на север, Лајчак рече дека дијалогот е „чувствително прашање и за Србија и за Косово“.

Сепак, дијалогот трае повеќе од една деценија и донесе конкретни и добри решенија. Дијалогот нема алтернатива, а тоа го потврдуваат и лидерите во Косово и Србија и е клучен за нормализирање на европските односи и за напредок на нивниот европски пат. Денес сме во ситуација да имаме лидери со силен мандат и во Белград и во Приштина. Тие имаат сила да донесат решенија и ние сме во фаза на преговарање кој е најдобриот можен пат напред – вели Лајчак.

Тој потсетува дека „лидерите се сретнаа во јуни и јули во Брисел“ и се подготвени, како што рече, повторно да дојдат.

Работиме на тој состанок да донесе одредени конкретни одлуки. Тој дијалог не е едноставен, но постои и верувам дека многу брзо ќе видиме конкретни резултати. Ескалацијата, потенцира тој, не е во интерес на „ниту едната страна – вели Лајчак.

Што се однесува на Црна Гора, тој оценува дека таа е најнапредна од сите земји во регионот. Лајчак потсетува дека земјата ги отворила сите поглавја, но и дека во последната година нема речиси никаков напредок.

Европски теми речиси и не се слушаа во тој период. Наместо тоа, најмногу се слушаа теми поврзани со етницитет, религија и националност. Ова се теми од 1990-тите. Затоа мојата порака беше сите да се вратат на европскиот пат и Црна Гора да ја потврди лидерската позиција – истакна Лајчак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.