31-годишна лаборантка скокна од третиот кат на Ортопедија Бањица, односно во ковид-амбуланта, вчера околу 1 часот попладне.

Според српските медиуми, таа најверојатно е вработена како лаборантка во оваа институција.

Брзата помош потврди дека нивниот тим излегол на интервенција, дека повредената е пренесена во Ургентниот центар и дека нејзиниот живот не е загрозен.

Можам само да кажам дека имаше инцидент и не би коментирал ништо понатаму. Тажно е, затоа што ова е млада личност и молам за приватност во врска со овој случај. Нема смисла… рече за Нова.рс д-р Зоран Башаревиќ, директор на Ортопедија Бањица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.