Премиерот на Косово, Албин Курти во изјава за медиумите, го објави својот предлог на Самитот на лидерите на Западен Балкан, истовремено велејќи дека причината за стагнацијата на регионалните иницијативи е непризнавањето на Косово од страна на Србија.

– Бев и на друга регионална конференција во Солун. Дадени беа разни иницијативи кои ги прават заедно балканските лидери. Треба да се напомни дека во мојот говор констатирав дека се додека шест балкански земји не се во ЕУ, таа не е целосна. Косово е во најтешка ситуација, бидејќи нема визна либерализација. Ние сме решени да ги спроведеме бараните реформи, истакна Курти.

Тој додаде дека регионалните иницијативи заостануваат затоа што недостасува признавање на Косово од Србија.

– Признавањето од страна на Србија ќе создаде ситуација земјите да се движат побрзо кон ЕУ. Вредностите на ЕУ исто така треба да бидат вметнати во односите меѓу земјите, само економскиот пазар не е доволен. На крајот дадов предлог за тоа како можеме да одиме напред, тоа е моделот на европскиот економски договор. Влегуваме како заеднички регион во односите со ЕУ во однос на економијата и трговијата. Да се премине од ЦЕФТА во ЕФТА ЕЕА, наведе Курти.

Тој посочи дека многу значајно е на „ Албанија, Црна Гора и Македонија во признавањето на Косово да и се придружи Србија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.