Белграѓанецот Зоран Лекиќ (32) е осомничен дека купил стан во Подгорица од кој членови на криминална група требало да го надгледуваат и да извршат убиство на Милиќ Миња Шаковиќ, високопозиониран член на Шкаљарскиот криминален клан.

Како што пишуваат црногорските медиуми, Лекиќ е во бегство и по него се трага. Апсењето го избегнале уште најмалку три лица, меѓу кои е и организаторот на групата, блиок на Кавачкиот клан.

Како потсетување, поради планирање на убиство на Шаковиќ, на 9 март беа уапсени Јован Тркуља (35) од Белград, Никола Мириќ (35) од Обреновац и двајцата подгоричани Јован Мирановиќ (41) и Александар Вељовиќ (30). Црногорското специјално државно обвинителство ги сомничи Тркуља и Мириќ дека во Подгорица се обиделе да го убијат Шаковиќ, а Мирановиќ и Лекиќ дека им помагале во тоа.

Осомничениот Јован Тркуља во текот на јануари 2021 година, по доаѓањето од Србија, вршел проверки на повеќе локации во населбата Загориќ, каде што живее Шаковиќ, со цел пронаоѓање адекватен стамбен простор од каде непречено се гледа дворот и кучата на Шаковиќ. Осомничениот Лекиќ, потоа, преку агенција за недвижности за 18.500 евра аванс платил за стан во населбата. Станот во поткровјето гледа директоно во правец на куќата на Милиќ Шаковиќ и воздушно од неа е оддалечен околу 200 метри – се наведува во извештаите за истрагата.

Наводно, осомничениот Лекиќ, им ги предал клучевите од станот на Тркуља и Мириќ, а тие од тој стан ја надгледувале куќата на Шкаљарецот, за да запознаат со неговите навики, Планот, наводно, бил да пукаат со снајперска пушка, што неколку дена по апсењето на осомничените е пронајдена во специјално направен бункер во едно комбе.

Потоа, Мирановиќ изнајмил две гаражни места во зградата, ги затворил со роло врати и така им овозможил на членовите на групата да го чу8ваат возилото за извршување на кривичното дело, како и оружје и муниција.

Според сомневањата, во комбе со бела боја сместиле мотор со лажни таблички, а обезбедиле и автомобил во кој имале хемиски средтсва за палење и канистер со бензин.

Како што објавија црногорските медиуми по апсењето, деталниот план за ликвидација на Шкаљарецот Шаковиќ бил откриен откако бил отклучен криптиран телефон на еден од осомничените во кој се пронајдени фотографии на Шаковиќ со семејството, како и пораки што ги разменувале осомничените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.