Власта донесе одлука да формира баталјон на отпишани лица. Тоа стана сериозна единица, а не некој што кој војува со чорапи на главата и краде замрзнувачи и телевизори, тврди кумот на Жељко Ражњатовиќ – Аркан, адвокатот Светозар Павловиќ, сведок на 90-тите.

Павловиќ, за српски „Курир“ тврди дека српската доброволна гарда (СДГ), предводена од Аркан за време на војната во 90-тите години, била основана од државата. Тој истакнува дека има оправдани сомнежи дека Аркан е убиен од државата во јануари 2000 година. 

Државата донесе одлука да формира еден баталјон на отпишани луѓе, оние кои не постојат … На Аркан не му падна на памет сам да формира баталјон, да најде 100-200 луѓе за тоа … Државата стоеше зад гардата. Сепак, тоа прерасна во сериозна воена единица – вели Павловиќ.

Павловиќ вели дека го запознал Аркан во јануари 1992 година, тие наскоро се станале кумови, а подоцна станал потпретседател на неговата Партија на српското единство и на фудбалскиот клуб Обилиќ.

Жељко од банката Дафимент побара 28.000 марки за униформи, чевли, жилети … Тогаш тој ја повика Дафина Милановиќ, сопственик на таа банка, иако тој сè уште не ме познаваше. Слушна дека ќе му биде полесно да добие пари ако има моја препорака, затоа што бев пријател со Милановиќ. Кога слушнав што направил, сакав да се сретнам – наведува Павловиќ и додава: – Отидов во Ердут, каде што беше седиштето на гардата и им дадов мои 50.000 марки. Видов дека не лутаат, не убиваат, туку се борат за српската земја. Тогаш се зборуваше дека Аркан и неговите луѓе војувале со чорапи на главата, дека краделе замрзнувачи, телевизори … Тоа немаше никаква врска со здравиот разум – вели Павловиќ.

Павловиќ вели дека за време на војната, со Аркан, тој „минал“ низ Кривичниот законик и му објаснил што е геноцид, што е воено злосторство против човештвото …

 Му објаснив што не треба да правиме на бојното поле. Тој не беше цвеќе, донесе некои прерани одлуки, но тој не беше ниту воен злосторник – тврди кумот на Аркан.

Коментирајќи ги шпекулациите за нетолеранција меѓу Ражњатовиќ и генералот Ратко Младиќ, меѓу кои, наводно имало физички судири, Павловиќ вели дека е точно дека двајцата не се почитувале. Како што открива, во една прилика, војници на Младиќ биле претепани од Аркан, кој, како што тврди Павловиќ, немал високо мислење за генералот, па затоа за него велел: „Младиќ пукаше само на свадби“.

На крајот, Павловиќ го отвора и прашањето за убиството на Аркан, доведувајќи ја во сомнеж  официјалната верзија.

Не, тој не беше убиен од оние што одговараат. Тоа го сторија други. Истражен судија ми кажа веднаш, еден ден по убиството за што станува збор. Аркан е смртно ранет во 17.17 часот во „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година. Веднаш отидов таму и видов 15-20 државни автомобили, кои во тоа време немаше шанса да се соберат на едно место за нешто друго. Сè ми беше јасно. Дали тој беше убиен од државата? Можно е во овој случај да е замешана државата – смета Павловиќ.

Одговор на Вукчевиќ: Жељко побрзо ќе се убиеше отколку да предаде некого

Павловиќ се осврнува и на интервјуто што неодамна го даде поранешниот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ. Како што вели Павловиќ, Вукчевиќ не е во право кога вели дека Аркан бил големо зло и дека ќе завршел во Хаг или би станал заштитен сведок или сведок соработник:

Дејтонскиот договор, што ја заврши војната во Босна, беше во ноември 1995 година, а Аркан беше убиен во 2000 година. Тие имаа пет години да поднесат обвинение против него. И тие не поднесоа. А, што се однесува до приказната да биде заштитен сведок или сведок соработник, можам да кажам дека тој попрво би се самоубил отколку да предаде некого за да се спаси – вели Павловиќ.

Тајната на хрватската пејачка:  Дорис лудувала по Аркан

Павловиќ вели дека жените го обожавале Аркан во деведесеттите години, а хрватската пејачка Дорис Драговиќ била особено заљубена во него.

Мајката на Аркан, Славка ми кажа дека Дорис Драговиќ дошла во нејзината куќа и ја молела да му каже на Жељко нешто за неа, да направи нешто … Славка тогаш и ’рече:„ Што е со тебе, има четири деца со Наталија, не доаѓа во предвид“  Дорис исто така се појавила во слаткарницата „Ари“ на Аркан, некој ја пријавил кај тогашната сопруга на Жељко Наталија, која дошла таму и и удрила шлаканица. Патем, и Наталија и Цеца се божествени, фантастични …, завршува Павловиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.