Корона журки во Србија се повеќе се организираат така што младите изнајмуваат куќи и викендички на крајот од градовите ширум Србија и од нив прават „тајни кафани“. Уште повеќе што од тоа се прави бизнис, а да биде и полошо, надлежните служби не можат да ги спречат ваквите групирања, пишува српски Блиц.

Изнајмивме за еден месец викендичка надвор од градот. Цената е смешна 200 евра. преку ден доаѓаат луѓе на влезот оставаат во кутијата 200, 300 српски динари за влез. Доаѓаат на кафе и за дружење. А навечер се журките, пуштаме музика, направивме шанк, секоја вечер доаѓаат по 150 луѓе, раскажува момче од Шумадија.

Како што вели во тие „тајни кафани“ доаѓаат и средношколци и студенти и постари, па многумина од идеја како да се дружат во текот на короната направиле бизнис. овој случај не е осамен, во околината на поголемите градови речиси е невозможно да изнајмите празна куќа или викендичка на подолго време.skrecija i šifrovane ulaznice

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.