По повеќе од една година мирување, по апсењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кланот Шкаљарскиот клан и Кавачкиот започна отворен судир со бруталните ликвидации.

Последна  е бруталната ликвидација на Милиќ Миња Шаховиќ, кому непознат маж истрелал осум куршуми во главата и телото додека бил на вечера во ресторан во Будва.

Криминологот Добривоје Радовановиќ за „Курир,рс“ вели дека војната меѓу клановите не стивнува.

– На војната на которските кланови не и се гледа крај и таа прераснува во крвна одмазда. Ова веќе не е мафијашка војна поради изгубен товар на дрога или криминални афери, ова отиде предалеку, како одмазда. Мотивот е да се убие секој машки член, а како што се зголемуваат потомците на клановите, нема крај. Немаат кочница и шифра, само треба да ја завршат задачата – вели криминологот и објаснува дека клановите добиваат нова подмладена војска, желни да се докажат:

Како започна се

Во Котор почна најкрвавата војна во балканското подземје, која како рак се рашири во Европа. Ја водеа два клана  именувани по две села  во близина на тој приморски град.

Хроничарите почетокот на својата пресметка го поставија во 2010 година, за да ја запалат последната капка крв во 2014 година. Причината секако е дрогата, но не треба да се игнорира ниту крвната одмазда, ниту  суетата на десетина моќни криминалци кои формираа две армии од некогаш обединетите „которски групи“.

Во таа војна загинале повеќе од 60 луѓе. Кавачкиот клан го водат Слободан Кашчелан, Игор Божовиќ и Радоје Звицер. Белградска врска им беа  Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, но и кругови на активни и поранешни полицајци во Црна Гора и Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.