Ние од медицинскиот дел на Кризниот штаб не сме задоволни од ова ниво на мерки, побаравме далеку построги мерки за подолг период, бидејќи беа потребни најмалку десет дена за добар резултат, рече епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ, коментирајќи ја вчерашната одлука на Кризниот штаб, која беше донесена и од Владата на Србија.

Од денес напладне до понеделник во 6 часот, скоро сè е затворено. Угостителските објекти и продавниците не работат, а отворени се само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Донесени се и посебни мерки за ски-центрите.

За овие два дена, како што вели д-р Тиодоровиќ, луѓето треба да разберат дека ситуацијата е сериозна.

Имаме и друг проблем, а тоа е дека младите не одат на тестирање и го сеат вирусот, нагласува лекарот.

Како што објаснува професорот Тиодоровиќ, вирусот е сè уште присутен и циркулира, што може да се види во секојдневната статистика.

Значи, ќе работи само она што е потребно за живот, храна, аптеки, гориво, а воедно ова беше пресвртница за затворање на ски-центрите за претстојниот викенд, бидејќи голем број луѓе сè уште патуваат, а од таму доаѓаат заразени. Хотелите ќе работат нормално, но нема кафулиња, ресторани, лично сметам дека требаше да се направи порано, вели професорот за „Блиц. рс“.

Од понеделник средношколците ќе учат онлајн, со услов да следат некои нови мерки во вторник, по анализата за викендот.

Ако нема напредок, во вторник ќе побараме да се почитува апсолутно сè што бараме, а тоа се построги мерки. Имавме многу тешка сесија, моравме да влеземе во сериозни разговори, за луѓето да разберат дека ситуацијата е сериозна. Имаме проблем што болниците во Белград или се полни или се пред пополнување, мора да размислиме што понатаму. Ние инсистиравме на ригорозна контрола на мерките со примена на кривичниот закон за оние кои не ги почитуваат мерките, а тоа особено се однесува на оние кои организираат забави. Секоја локална заедница мора да биде одговорна за својата состојба, вели епидемиологот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.