На Седницата на Кризниот штаб на Србија денеска е одлучено одредени категории граѓани да примат трета доза од вакцината против корона вирусот, шест месеци по втората.
Пред медиумите се обрати Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која појасни дека луѓето со имунодефициентни состојби треба да примат трета доза вакцина, шест месеци по втората, затоа што должината на имунитетот од корона по вакцинацијата им е пократка.

„Секој ден имаме значителен пораст на бројот луѓе кои се инфицираат и се во болница“, додаде таа.

Во гурпата граѓани кои треба да примат трета доза вакцина спаѓаат оние со различни хронични состојби, трансплантирани, лица на хемодијализа, оние со малигни заболувања, хронични болести на црниот дроб, бубрези, бели дробови и други.

„Вирусот е уште тука. Време е на годишни одмори, но вирусот не е на одмор“, додаде таа.

Од денеска, седниците на Кризниот штаб ќе се организираат почесто.

Апелираше до сите да се вакцинираат, велејќи дека секој петти до 30 години е вакциниран.

„Од нас, многу зависи. Ако невакцинираните се вакцинираат, можеби четвртиот бран нема да се случи. Најголема опасност има кон крајот на есента и преку зимата“, додаде Тепавчевиќ.

Од епидемиолошката состојба ќе зависи и како ќе изгледа школската година која почува на 1 септември, а дефинитивна одлука се очекува една недела пред почетокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.