Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 4.608 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата според дневниот број на новозаразени од почетокот на пандемијата.

Досега, најголем број нови случаи (4.340) имаше на 30 март годинава.

Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 326, што е седум повеќе од вчера, а за 9,74 отсто се зголемил бројот на пациенти примени во болниците.

Во изминатото деноноќие починале 32 лица, со што бројот на починати од Ковид-19 се зголеми на 13.466 лица.

Паралелно, направен е и голем број тестови, вкупно 121.881, од кои 98.014 се рапид, а останатите ПЦР.

Од новите случаи, 27 се увезени, 1.096 се во поширокиот дел на Атина, 402 во Солун и 344 на Крит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.