Голем пожар избувна попладнево на грчкиот остров Крф поради што две села, во јужниот дел на островот, се евакуирани. Евакуирани се селата Неохори и Палеохори. На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаат и противпожарни летала, група планинари и волонтери. Силен локален ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите.

Причините за пожарот сè уште не се познати.

Евакуирани се жителите на селата Неохори и Палеохори. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат и канадери и според последните информации, пожарот е ставен под контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.