Сплитската полиција добила повик да собере повеќе од 70.000 куни од банкомат по бизарен грабеж со лаптоп.

Крадец успеал да се поврзе со банкомат во Сплит така што го поврзал својот лаптоп со затворени инсталации во банкоматот за да му дава наредби преку кои ќе повлече пари. Ова се случувало во ноќните часови.

Парите излегле од банкомат, крадецот брзо ги собрал, но потоа следувало изненадување. Зад мажот се појавил чувар, бидејќи во меѓувреме се вклучил алармот за тревога. На прашањето од страна на чуварот дали му е потребна помош, крадецот не одговорил ништо и почнал да бега, а додека трчал од кај него паѓале пари, но исто така продолжиле да излегуваат куни и од банкоматот.

Полицијата собрала околу 70.000 куни, а стотици илјади куни наводно биле украдени од банкоматот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.