Европратеникот Андреј Ковачев на Фејсбук јавно побара да се објават имињата на сите кои имаат бугарско државјавнство како одговор на ширењето на омраза против Бугарија.

Ова е неприфатливо за мене. Ги повикувам бугарските институции јавно да ги коментираат имињата на сите оние кои стекнале бугарско државјанство и се активни во ширење омраза против Бугарија, активни на оваа тема во нивните партии и организации, целосно ангажирани во активности против бугарската историја и националниот идентитет. На оваа шизофренија треба да и се стави крај-напиша пратеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.