Европратеникот од Европската народна партија Андреј Ковачев го запознал словенечкиот премиер Јанез Јанша со бугарскиот став во врска со почетокот на преговорите со РС Македонија, јави БГНЕС.

„Исклучително срдечна средба со премиерот на Словенија на почетокот на словенечкото претседателство. Јанез Јанша е човек со огромно искуство и двапати беше претседател на словенечкото претседателство – во 2008 година и денес “, рече Ковачев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.