Косовската полиција ја опкружи и влезе во Универзитетската Клиника за инфективни болести во Приштина, откако пет пациенти заразени со коронавирус починале од полноќ до сега во Клиничкиот центар во Косово, вкупно 12 во последните 24 часа, а роднини обвинуваат дека и по четворица биле ставани на ист респиратор.

Според Коха, поради влошувањето на сосотјбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести собрани се сите челници од Универзитетскиот клинички центар.

Според повеќе косовски медиуми, тоа што повеќе пациенти делеле ист респиратор е главна причина за зголемениот број мртви.

Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта.

Вчера смртниот ковид-биланс во Косово е осум починати и 178 новозаразени од само 346 тестови.

Наглото зголемување на бројките и бројот на починати во текот на ноќта ги зголемило сомнежите кај надлежните. За целиот овој случај косовската Влада денеска ќе одржи и владина седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.