Терасите, продавниците и јавните собирни места во северниот дел на Косовска Митровица беа украсени со знамињата на Србија вечерва.

Граѓаните коментираат дека српските триколори се обесени како одговор на денешната најава за усвојувањето на законот за формирање на Косовската армија, за што ќе се дискутира во парламентот во Приштина денес. Тие, исто така, велат дека знамињата на Србија се истакнати и како одговор на американските знамиња во Приштина, јужна Митровица и во јужниот дел на Косово.

– Мислам дека тоа е уште нашата територија и тоа е сосема во ред да се стави нашето знаме – велат за „Танјуг“ граѓаните на северна Митровица.

Знамињата на Србија се обесени во северниот дел на градот на прозорци, тераси, пред влезот и на друго место.

Станува збор за илјадници внесени и поделени знамиња во поделениот косовски град Митровица, чиј северен дел е населен со мнозинско српско население.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.