Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на солидарност со граѓаните на Македонија кои загинаа во Бугарија.

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Бошнек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца.

Седум патници во автобусот се повредени и пренесени во софиската болница „Пирогов“ и се вон животна опасност.
Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски владини претставници и до семејствата на жртвите.

Македонија прогласи тридневна жалост, а Бугарија утрешниот ден исто така го прогласи за ден на жалост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.