Властите во Приштина и забраниле на српската министерка, за работа, вработување и социјална прашања, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ да го посети Косово во улога на професорка на Медицинскиот факултет на Приштинскиот универзитет, со привремено седиште во Косовска Митровица.

Во склоп на своите активности, Кисиќ-Тепавчевиќ, во петок и сабота, требаше да одржи испит за студентите од трета година на Катедрата за епидемиологија на факултетот.

Таа го најавила своето доаѓање на Косово во својство на професорка, а не во својство на министерка.

Најавата за посетата е испратена на време и во согласност со сите процедури. Меѓутоа, властите во Приштина без какво било објаснување или причина, преку приштинскиот офицер за врска, одбија да дадат дозвола за посетата на Кисиќ-Тепавчевиќ  – соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.