Косово го повлече своето барање за членство во меѓународната полициска организација Интерпол, а оваа одлука ја потрвдија и официјалните преставници на Приштина.

Барањето за членство во меѓународната полициска организација е повлечено воочи почетокот на одржувањето на собранието на државите членки на Интерпол кое се одржува во Чиле.

Официјален Белград го оцени како голема победа повлекувањето на Косово од барањето за членство. Од таму оценија дека откако ги преброиле земјите подржувачи за косовското членство, приштинските претставници одлучиле да се повлечат од ова, за Србија спорно барање.

И кабинетот на косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека е повлечено барањето за членство на Косово во меѓународната полициска организација.

Токму настојувањето на владата на Харадинај доведе до блокада на разговорите меѓу Белград и Приштина кои во посредство на меѓународната заедница се водеа за решавање на идниот статус на Косово.

Откако на претходната седница Белград успеа да ги болокира настојувањата на Приштина да биде примена како полноправна членка на Интерпол, косовскиот премиер Харадинај како одмазничка мерка воведе 100 проценти царини за српските производи на Косово.

Воведувањето на царините го принуди Белград да се повлече од преговoрите со Приштина, потенцирајки дека нивното укинување е услов Србија да се врати на преговарачката маса.

Со промената на власта во Приштина, заминувањето на Харадинај и доѓањето на Албин Курти на премирската функција, се враќаат надежите, пред се кај меѓународната заедница дека и Белград и Приштина ќе направат компромис и ќе се вратат на преговарачка маса за решавање на идниот косовски статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.