Во Косово во последните 24 часа се регистрирани 914 случаи на Ковид-19 од 4.733 тестирани примероци, аво истиот период починале 10 лица.

Како што објави Националниот институт за јавно здравје, вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата достигна 1.840 лица. Направени се вкупно 414.902 тестови од кои 87.981 биле позитивни.

Во последните 24 часа во Косово се пријавени 602 лица како оздеравени или вкупно 72.415 од почетокот на пандемијата, а моментно има 13.726 активни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.