Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај, на денешниот виртуелен состанок со колегите, во рамки на Берлинскиот процес,побарал од министрите за надворешни работи на Србија и на Босна и Херцеговина да го признаат Косово.

Оценува дека не може да има стабилна и долгорочна регионална соработка без инклузивен пристап, еднаков третман и заемно признавање.

-Во оваа смисла, признавањето на Косово е многу важен чекор, не само во процесот на економски развој и меѓуетничкото помирување во западен Балкан, туку и во зголемувањето на вкупниот регионален капацитет за побрзо членство во Европската унија,напиша Цакај на Фејсбук.

Исто така, Цакај повикал за што побрза визна либерализација за косовските граѓани, имајќи го „во предвид исполнувањето на сите потребни технички услови“.

-Секое одложување на овој процес ќе биде на штета на довербата на одлучувачките способности на Европската унија во западен Балкан, констатира Цакај,кој по потекло е од Косово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.