Голем број припадници на специјалната и редовна полиција се присутни во Велика Хоча на северот на Косово.

Сопственикот на винарската визба„ Петровиќ“ побара од сите насобрани граѓани да останат мирни, бидејќи како што рече, не сака „никој да заврши во затвор“.

Причина за тенизиите е што припадниците на специјалната полиција заедно со царинската служба влегле во неговата визба и му го одземале виното. Полицијата го претурала виното во цистерна и го носела во непознат правец без да ја објаснат причината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.