На Универзитетскиот клинички центар на Косово, во Приштина е примен пациент за кој постои сомневање дека е заразен со коронавирус, пишуваат медиумите во Србија.

Пациентот е сместен на Клиниката за инфективни болести и наскоро се очекува вонредна прес-конфренција за случајот.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се околу 35.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.