Според податоците од истражувањето на српската агенција за истражување на јавното мислење „CeSID“ на тема „Медиумите и дигиталната писменост во Србија“, темата за пандемијата на корона вирусот го зазема второто место во однос на интересот на граѓаните.

Истражувањето покажало дека над 40 проценти од граѓаните никогаш не биле на веб-страницата на која било државна институција за да бидат информирани за епидемијата. Затоа, пак, интересот на граѓаните е насочен новости од областа на спортот, додека по пандемијата, следуваат забава, музика и мода.

Истражувањето зборува во прилог на фактот дека традиционалните медиуми денес се во незавидна положба и посочи дека само два проценти од српските граѓани имаат доверба во печатените медиуми, додека како главен медиум од каде добиваат информации се интернет порталите.

Дури 42 проценти од тинејџерите во Србија, на возраст од 12 до 17 години, имаат профил на социјалната мрежа ТикТок, додека два процента од сите граѓани на Србија ја гледаат оваа социјална мрежа како извор за информирање за настаните околу нас, За такво нешто Твитер го користат три проценти од граѓаните.

Извештајот покажува дека граѓаните препознаваат пропаганда и лажни вести, но тоа не ги спречува да гледаат и да читаат медиуми во кои ги препознаваат ваквите вести.

Половина од граѓаните не обрнуваат внимание на изворите, а над 70% од нив читаат само наслов и малку повеќе текст.

Патем, граѓаните имаат најголема доверба во интернет порталите, дури четвртина од нив, додека третина не веруваат во никого.

Дури 60 проценти од луѓето во Србија ја користат социјалната мрежа Фејсбук, по што следуваат Јутјуб и Инстаграм, а повеќе од 60 проценти од граѓаните имаат Вибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.