Во текот на ноќта во Србија починаа уште два пациенти кај кои е потврден корона вирусот.

Во прашање е К.С.(80) кој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести во Клиничкиот центар и кој последните денови се ноаѓал на респиратор, а докторите вложиле максимум за време на неговото лечење.

Инаку боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Втората жртва женско лице П.Б(62) која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и која се наоѓала на респиратор и за која лекарите направиле се да ја спасат. Сепак дошло до фатален исход, а починатата се лекувала од артериска хипертезнија  и дијабтесе, како и ревтматиден артритис.

Досега во Србија од коронавирусот починаа 6лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.