Косовскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на премиерот Албин Курти поради лошото справување со кризата со коронавирусот.

Гласањето беше покренато од коалициски партнер на партијата на Курти само два месеца откако владата беше формирана. Нејасно е како ќе се реши политичката криза бидејќи е невозможно да се одржат избори поради пандемијата.

Експертите предупредија дека без јасна насока во борбата против коронавирусот здравствениот систем на земјата би можел да колабира. Во Косово досега се потврдени најмалку 70 случаи на коронавирус.

Во периодот кога протести се забранети, жителите на Приштина излегоа на тераси и правеа бучава револтирани од начинот на кој владата се носи со кризата.

Повеќе од 80 пратеници во парламентот со 120 места гласаа за недоверба на владата по 12-часовна дебата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.