Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, денеска оцени дека Србија е во критична состојба, особено Белград, каде епидемиолошката состојба се претвори од итна во катастрофална, бидејќи, како што рече, нема простор за понатамошен прием на пациенти.

Потенцијалот на вирусот е јасен, бројот на пациенти расте многу побрзо отколку што беше на самиот почеток, во првиот бран. Сè уште има простор до т.н. италијанско сценарио, рече Кон за РТ Војводина.

Д-р Кон во емисијата рече дека група од сите директори на ковид болниците, заедно со министерот, создале систем на отворање нови болници и проширување на капацитетите за кои тој никогаш не видел, ниту учел, но кој функционира.

Ние од друга страна жртвуваме делови од системот кога отвораме болница и ги намалуваме капацитетите за лекување на другите болести. На крајот, ќе се види какви се последиците, никој не смее да каже дека нема да ги има, рече Кон.

Тој вели дека Србија нема да дојде во ситуација некој да биде вратен без да му се пружи помош и додава дека веројатно може да се случи пациентите со ковид да бидат отпуштени од болница побрзо од досегашната пракса.

Кон вели дека е лошо што Кризниот штаб не успеал да обезбедни да се спроведат мерките, но дека организацијата на самата работа е добро спроведена.

Според Министерството за здравство на Србија, во последните 24 часа починале 29 лица, со што број на жртви се зголеми на 1.110 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.