Со разочарување е примена одлуката од Самитот на европските лидери во Брисел да не се отпочнат преговрите за проширување со Македонија и Албанија, во Босна и Херцеговина која тропа на истата порта и Србија која е веќе во преговарачки процес. Со писмо до лидерите на ЕУ се огласи претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ. Тој напиша дека блокирањето на пристапните преговори за Скопје и Тирана ќе испрати „погрешна порака“ до Сараево.

Работата и тешките одлуки што ќе ги донесеме, едноставно не го произведуваат очекуваниот резултат. Според него оваа одлука ќе го зголеми и евроскептицизмот во регионот.

Иван Вејвода, соработник на виенскиот Институт за хумани науки, рече дека ЕУ нема штета од почнувањето на преговорите со двете земји, бидејќи полноправното членство не би се случило во следните 7-8 години, дури и ако сè се одвива добро.

Ако ЕУ решеше да ги почне преговорите, тоа ќе беше само една вест за седмата страница на европските весници, додека за регионот тоа ќе беше многу важна порака, рече Вејвода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.