Украинските власти се обиделе да го убијат генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, пишува Њујорк Тајмс.

Според информациите, Киев го извршил нападот во моментот кога Герасимов бил на линијата на фронтот, пренесува ТАСС и додава дека во извештајот на американскиот весник не се споменува датумот на нападот или некоја друга информација.

Во текстот се потсетува дека Вашингтон бил против ваквите планови на властите во Киев поради загриженост дека обидот за убиство на Герасимов може да доведе до ескалација – пренесува Танјуг.

Американската страна ги скрила информациите на Украинците за движењата на рускиот генерал и побарала од Украина да го запре нападот – пишува Њујорк тајмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.