Српските одборници на градоначалникот на Вуковар му доставија Предлог- статут напишан на кирлично писмо. Градоначалникот го искинал и потоа го изгазил.

Подоцна Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ изјави дека не се созреани услови за поставување на кирилични табли на институциите низ Хрватска, потенцирајќи дека во моментов е многу поважно да се решат некои други проблеми, како што е овозможување на сите граѓани да остварат право за добивање на работно место.

Во овој момент се уште не се созреани условите за поставување на табли со кирилично писмо, рекла Грабар-Китаровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.