Во контејнер со легална пратка на вреќи со кафе од Гватемала, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени и запленети 351 килограм и 725 грама кокаин, спакувани во 298 пакувања.

Како што соопштија од грчката полиција, во периодот од 12 до 19 јули била спроведена истрага на над 150 контејнери со потекло од Јужна Америка, а во еден од нив бил пронајден и кокаинот.

Целта на акцијата била да се провери дали можеби во легалните пратки има скриени количини кокаин, а со тоа и да се спречи трговија на дрога на европскот пазар.

Во акцијата биле вклучени Директоратот за борба со дрога на грчката полиција, Секторот за борба со нелегална трговија на царината на пристаништеото Пиреас, Секторите за борба со дрога на крајбрежната служба и на Одделот за борба со економски криминал, а со помош асистирала и канцеларијата на ДЕА на американската амбасада во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.