Kосовската влада на чело со премиерот Албин Курти денеска е во Македонија каде имаа заедничка конференција со владата на Зоран Заев. Доаѓањето во Скопје предизвика хаос во градот и неверојатни гужви и негодување.

Курти инаку е чест гостин , а најмногу доаѓаше кога беше опозиционер.  Тој е седмиот Курти премиер на Косово од крајот на војната во 1999-та. Од студентски лидер, затвореник во Србија и на Косово, опозиционер кој фрлаше солзавец во Парламентот, до прв човек на владата.

1997 беше  избран за лидер на стидентите и организираше протести .Во 1999 година беше успасен од српската полиција за време на бомбардирањето на Србија.

Беше секретар на УЧК а од српскиот затвор е ослободен во 2001 година. Во 2005 година го оформува движењето „Самоопределување“ кое подоцна прераснува во партија.

Тој важи за радикал, но прикриен и не е на рангот на Харадинај и Хашим Тачи.

Неговата партија во 2017 година фрли солзавец во Парламентот на Косово. Има 46 години и во брак е со новрежанката Рита со која има една ќерка.

Ова е негов втор мандат како премиер откако првиот пат владата му беше срушена директно од Американците бидејќи се спротистави на дијалогот со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.