Босна и Херцеговина ги отвора границите за сите странски државјани, кои досега не биле во можност да влезат во земјата, под услов да имаат негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа, изјави денеска претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Тој рече дека тоа било договорено на состанокот со премиерите на Република Српска и Федерацијата на БиХ, Радован Вишковиќ и Фадил Новалиќ.

– На овој начин, БиХ создаде еднакви услови за сите земји во светот, освен за нашите непосредни соседи, кои сè уште имаат привилегирана позиција кога станува збор за влез во БиХ, рече Тегелтија по состанокот.

Тој додаде дека владите на ентитетите со своите здравствени сектори ќе ги потврдат овие одлуки на нивните седници.

– По тоа, ние во Советот на министри формално ќе ја донесеме оваа одлука. Тоа ќе биде за многу краток временски период, рече Тегелтија, пренесе РТРС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.