Европската унија повикува на брзо формирање власт по косовските избори и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и укинвање на таксите на српската стока.

Ставовите на ЕУ не се сменети, таксите мора да се укинат – порача портпаролката на Унијата Маја Коцијачич.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничкото соопштение наведоа дека по „мирните и добро спроведени предвремени избори во Косово, ЕУ очекува формирање нова влада.

Тоа е неопходно за Косово да може брзо да продолжи со работата на реформите со цел поддршка на економскиот и социјалниот развој, владеење на правото, но и за продолжување на примената на Договорот ЕУ-Косово за стабилизација и асоцијација и продолжување на дијалогот со Белград, за кој посредува ЕУ – се наведува во заедничкото соопштение.

Тие изразија очекување дека сите политички актери ќе останат посветени на овие процеси кои се важни за иднината на Косово, неговиот пат кон ЕУ, како и за благосостојба на граѓаните на Косово и целиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.