Пациент од болницата во Чаковец, Хрватска, почина откако по грешка му беше инјектирана грешна супстанца. Како што откри директорката на болницата др.спец. Соња Тошиќ Грлиќ за хрватската телевизија „Нова“, 62-годишниот Антун Топлек починал откако повеќе витални органи му откажале по кобната грешка направена за време на рутинска хемодијализа.

Како што дознава телевизијата, наместо физиолошки раствор, на пациентот му било инјектирано средство за дезинфекција.

Директорката изјавила дека медицинските сестри вмешани во случајот веќе не работат во болницата, но и дека за жал, вакви грешки се можни.

Дезинфицијенсот е вообичаено средство во количките на медицинските сестри, така што, за жал се случи ваква кобна грешка, изјавила таа.

Трагедијата се случила вчеравечер, а повеќе институции се вклучени во истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.