На Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар Србија во моментов се сместени 170 заразени со коронавирус и има само 5 слободни места, рече професорката д-р Виолета Михајловиќ Вучиниќ.

Клиниката е преполна, сите ресиратори се полни на Клиниката за пулмологија. Имаме 15 заболени на Интензивна нега. секојдневно сме на линија со Министерството за здравје и добиваме детални упатства како да работиме и до сега немаше никакви потешкотии во функционирањето, вели докторката за српските медиуми. Најголем проблем кај овие луѓе е што никогаш не знаете кога ќе им се влоши состојбата. Буквално се менува од час во час. Добиваат стегање во градите, моментално им паѓа сатурацијата, значи паѓаат вредностите на кислород во крвта и завршуваат на интензивна нега. Тоа се старосно годиште од 1988 годиште до 85 и 88 години. Непредвидливо. Ова е болест за која малку се знае, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.