Во клиниката за инфективни болести во Загреб во тек е тестирање на вкупно шест примероци на коронавирусот Ковид-19 – по еден од Сплит и Риека и по два од Загреб и Сисак, соопштено е денес од Клиниката.

Како што се дознава, сите примероци се негативни на коронавирусот.

Сите тестирани се негативни – информираше министерот за здравство на хрватска за порталот „Индекс“.

Но, како што пишува „Дневник“, од Риека вечерва во клиниката ќе пристигнат уште пет примероци.

За спречување на коронавирусот, Хрватска од вечерва воведе специјален здравствен надзор за сите луѓе кои доаѓаат од критичните италијански подрачја Венето и Ломбардија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.