Претседавањето на Бугарија со ЕУ во 2018 година ја постави како важен приоритет интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и мислам дека е време посериозно да размислиме како да се врати довербата која се изгуби изминатиот период низ преговорите“, рече европратеникот на ДПС „Обнови ја Европа“ Илхан Ќучук домаќин на „Форумот за Западен Балкан“ под мотото „Време е за враќање на довербата“.

Разговорот меѓу Бугарија и Република Македонија мора да биде пријателски. По 15 години од членството на нашата земја во ЕУ, лично силно верувам во тоа дека Бугарија може да се докаже како регионален лидер со својот единствен етнички модел и искуство, да послужи како пример за земјите од Западен Балкан, бидејќи како една од стратешките интереси на Бугарија е Република Македонија да биде дел од цивилизацијата – Семејството на ЕУ. За нас либералите е приоритет да сите земји од Западен Балкан бидат дел од Унијата, потенцираше Ќучук на отворањето на настанот.

Европратеникот истакна дека историскиот разговор е важен, но дека треба да биде приоритет. Според него, земјите од Западен Балкан мора да земат активно учество во дебатата, на еднаква основа, во процесот на донесување одлуки за прием во ЕУ. На настанот присуствуваше и комесарот за проширување Оливер Вархеи.

Сите ние сме дел од еден континент кој има една заедничка работа а тоа е европска иднина. Во регионот постои вистинска посветеност за евроинтеграциите. Се создава економски и инвестициски план за Западен Балкан – ќе се инвестираат до 30 милијарди евра за да овие земји се мобилизираат во наредните години, напиша тој по завршувањето на Форумот.

Според еврокомесарот, желбата на ЕК е да се забрзаат преговорите, да се земат предвид реформите и напредокот на земјите за да можат официјално да почнат преговорите.

На форумот присуствуваше и Даниел Кадик, извршен директор на Европскиот либерален форум, Соломон Паси, претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија, проф. Владо Бучковски, Специјален пратеник на Република Македонија со Бугарија и многу експерти за различни области на надворешната политика.

Настанот се одржа во хибриден формат во Софија, со строго почитување на антиковид протоколите. Целта на форумот беше дискусија за клучните прашања за Западен Балкан и фокус на преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. Настанот беше организиран во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.