Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се закани дека Бугарија ќе стави вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, ако Македонците не признаат дека нивните идентитет и јазик имаат бугарски корени, во интервју за агенцијата „Ројтерс“.

„Загрижени сме поради непрестаните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе стави крај на тоа“, кажа Захариева во интервјуто.

Ако Македонците се сложат на тоа, вели Захариева, Бугарија е подготвена да го признае македонскиот јазик како еден од официјалните јазици на својот сосед и да признае македонски идентитет.

„Ние сме подготвени да ја потврдиме реалноста, но тие треба да ја признаат историската вистина“, вели бугарската министерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.