За неколку дена на граѓаните на Србија ќе им покажеме нешто што е навистина морничаво. Чекаме дополнителни вештачења за некои утре тоа да не може да го користи во доказна постапка – изјавил претседателот на Србија Александар Вучиќ давајќи изјава за телевизија „Прва“.

Зборуваји за истрагата против криминалната група која ја водел Вељко Беливук наречен Веља Невоља, предупредил дека родителите ќе мора да ги тргнат децата за да не ги гледаат работите кои ќе бидат покажани.

-Кога ќе ги прикажеме тие работи мораме однапред да им кажеме на родителите да ги тргнат децата – истакнал Вучиќ.

Според неговото тврдење ќе се знае „кој кого штител, а кој засолнувал убијци“.

-За неколку дена, најдоцна четврток, ќе им покажеме на граѓаните се. Јавноста досега видела само оружје, организирана група, пиштоли, снајпери, панцири, крушуми, дрога…Тоа не е ништо – рекол Вучиќ и нагласил дека со новите информации ќе се шокира Европа и цел свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.